Прва фотка од Ѓоковиќ по операцијата: На патерици се прости од Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го оперираше менискусот на десното колено, а денеска потврди дека сѐ поминало добро преку фотографија на која се гледа како се движи со помош на патерици.

Ѓоковиќ мораше да се повлече од Ролан Гарос откако заработи повреда на исцрпувачкиот натпревар против Аргентинецот Франсиско Серундоло. Беше подложен на магнетна резонанца, која ја откри состојбата на неговото колено, по што реши да не губи време и веднаш да оди на операција.

„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако доживеав кинење на менискусот за време на мојот последен натпревар. Сè уште обработувам сè, но среќен сум што можам да известам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот лекари што беа тука за мене“, напиша Новак, кој се прости од настапот и престојот во Париз.

Најважно за Ѓоковиќ е што на артроскопијата е утврдено дека не се работи за сериозен тип на повреда на менискусот за која би била потребна долготрајна пауза. Затоа, српскиот тенисер може да се надева на брзо враќање на терените.

Познато е и колку време Србинот треба да отсуствува од терените, а тоа е 3 недели. Тоа значи дека ќе го пропушти Вимблдон, но ќе биде подготвен за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 27 јули.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Read more

Тенис

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more

Свитолина: Би војувала, но вака сум покорисна, собрав 1,5 милиони евра помош

Read more

Ѓоковиќ загуби во првиот меч на Индијан Велс, и тоа од среќен губитник

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе