Прва фотографија на младенче од рис во Македонија

За првпат по 11 години истражување на балканскиот рис, тимот на Македонското еколошко друштво успеа да направи фотографија на младенче од рис. Оваа вест доаѓа откако во февруари истражувачкиот тим на Програмата за закрепнување на балканскиот рис успеа да постави GPS околувратник на првата женка рис досега.

Како што соопштуваат од тимот Маја, женката рис, која била обележана со GPS „нè одведе до нејзиното дувло и таму ни го покажа најскапоцениот податок до сега – здраво младо рисче“.

Првите фотографии од младенчето балкански рис ги направил членот на мониторинг мрежата за балканскиот рис, Панајот Чоровски од Кичево.

 „Неверојатна радост е да бидеш првиот кој ќе види младо рисче, особена чест ми беше да ја споделам информацијата со моите колеги и сите кои се грижат за зачувањето на ова неверојатно животно“, изјави Чоровски.

Ова рисче е надежта која ѝ е потребна на малата популација балкански рисови во Македонија. Се надеваме дека преку неговото следење, како и следењето на неговата мајка ќе успееме да ги добиеме податоците кои недостигаа досега. Овие податоци ќе ни помогнат да го разбереме животот на младите рисови во Македонија кои ќе ни помогнат во нивното понатамошно зачувување, сметаат членовите на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, којашто ја спроведува МЕД.

Статусот на балканскиот рис е критично загрозен поради фактот дека бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата унијата тој е на праг да биде целосно исчезнат од нашата фауна. Балканскиот рис за првпат се најде на (IUCN) на 19 ноември 2015 година. Најзначајните закани за опстанокот на рисот се: криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите станишта.

Програмата за закрепнување на балканскиот рис, меѓу другото, веќе десет години се обидува да го спречи овој негативен тренд. Резултатите од интензивниот мониторинг покажаа дека барем во јадровите подрачја, Националниот парк „Маврово“ и планината Мунела во Албанија, ова опаѓање е запрено. Секако, опстанокот на балканскиот рис ќе зависи не само од овие туку и од сите други подрачја на Балканот кои поседуваат погодни станишта за рисот и неговиот плен.

реклама

Македонија

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Read more

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Read more
 

Вести

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе