Прва француска стратешка инвестиција во соларен парк во Северна Македонија

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) – Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW), известија од прес службата на Владата.

Според нив станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија.

– Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана, велат од Влада.

За успешна реализација на инвестицијата, Владата донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

Овој стратешки проект ќе го реализира водечката француска компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција.

Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра, за која во фаза на подготовка е посебен закон за реализација на оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првиот квартал на наредната година.

Согласно планот, првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво, што преставува 16 проценти од годишното производство на електрична енергија од АД „ЕСМ“. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116 илјади домаќинства.

– „Акуо Енерџи“  основана е во 2007 година и е водечка компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Франција. Располагаат со портфолио од над 1100 MW на електрани од обновливи извори, главно фотонапонски електрани низ целиот свет. Во моментов, во фаза на проектирање, развој и изградба имаат над 2400 MW во САД, Уругвај, Индонезија, Полска, Португалија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Австралија и во неколку земји во Африка. Во моментот развиваат проекти од над 5 GW од кои 1 GW во соседна Грција, соопштија од Владата.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе