Свет

Прва парада на хетеросексуалците во САД

5. јуни 2019 - 16:29 | МИА/КАЈГАНА

Американците во август ќе ја добијат првата Стрејт парада на гордоста, парада на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на тој настан.

Организаторот на настанот Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници“ и дал дозвола за одржување на парадата.

Парадата е планирана за 31 август оваа година. На тој настан ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол.

Организаторите на Стрејт парадата дизајнираа свое знаме и го означија Бред Пит за своја маскота. Масачусетс, каде е Бостон, е прва држава што легализираше истополови бракови во 2004 година и таму е склучен првиот истополов брак во САД.

Веста за одобрувањето на парадата одекна на социјалните мрежи каде многу корисници реагираа дека организаторите не ја сфаќаат потребата од Парада на гордоста на ЛГТБК заедницата.   

Коментирај