Прва прес-конференција за инцидентот со Болдвин, полицијата нема уапсено никого

Полицијата во Санта Фе одржа прес-конференција во 18 часот за да извести за новите детали за убиството на Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“.

Ова е прва ваква конференција по трагичното убиство на снимателката.

Да потсетиме, инцидентот се случи во четвртокот попладне за време на снимањето на „Rust“ на ранчот Бонанца Крик јужно од градот Санта Фе.

Актерот Алек Болдвин смртно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза додека репетирал пиштол, за кој му било кажано дека е празен реквизит и дека не е опасен.

Окружниот шериф Адам Мендоза и Мери Кармак-Алтвис, окружен обвинител во Санта Фе, им кажаа на новинарите нови официјални информации за случајот. Мендоза рече дека двајца членови на тимот, помошник-режисерот и задолжениот за оружјето, ракувале со огненото оружје пред актерот Алек Болдвин да го испука смртоносниот истрел.

„Сите три лица соработуваат во истрагата и дадоа изјави“, рече Мендоза.

„На сетот беа запленети околу 500 парчиња муниција“, рече Мендоза, додавајќи дека доказите ќе бидат доставени до ФБИ на понатамошна обработка. Тој рече дека е премногу рано да се коментираат можни обвиненија.

Мендоза рече и дека „на сетот се пронајдени и други опасни куршуми“. Тој додаде дека најверојатно истиот куршум што ја убил Хачинс завршил во Соуза.

Окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис истакна дека истрагата за инцидентот сè уште е во тек, но дека е подготвена да „поднесе кривична пријава“ доколку е потребно.

„Морам да нагласам дека целосната и темелна истрага е од клучно значење за нас. Ги разгледуваме фактите и доказите и ги поврзуваме со законот на Ново Мексико“, рече Кармак-Алтвис, истакнувајќи дека нејзината канцеларија „ќе се погрижи оваа истрага да биде спроведена до највисоки стандарди“.

Засега никој не е уапсен за убиството на Халин Хачинс и никој не е обвинет, пишува BBC.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе