Останати спортови

Првакот на Белатор предизвикува: Хабиб ќе го решам со еден удар

13. септември 2019 - 17:36 | А.С.

Двократниот првак на Белатор, Бразилецот Патрисиу Фреири, е уверен дека може да го нокаутира непораениот УФЦ првак Хабиб Нурмагомедов.

„Хабиб е тежок соперник, феноменален борач, но му недостига техника со нозе“, вели 32-годишниот Фреири кој се бори во втората најјака ММА организација и има 29 победи и четири порази, наспроти Хабиб кој има 28 победи во исто толку УФЦ дуели.

„Против Хабиб сѐ е можно. Јас верувам дека би го победил. Ќе го решам со еден удар“, самоуверен е Бразилецот.

Тој смета дека уште полесно би го совладал Дастин Поарје, последниот борач кој „падна“ пред моќниот Дагестанец.

Ова е втора ваква порака од Беларот, откако минатиот месец Скот Кокер, првиот човек на организацијата, изјави дека неговиот првак Рајан Бадер е подобар од Стипе Миочиќ од УФЦ.

Коментирај