Првата бета верзија за Android 14 е тука – што има ново?

Google ја објави првата бета верзија на Android 14, откако објави два прегледа за програмери во февруари и март.

Ова значи дека сега можете лесно да ја тестирате претстојната верзија на Android, дури и ако не сте девелопер, со едноставно најавување на вашиот компатибилен уред Pixel на веб-страницата на Android Beta.

Исто така, ќе ја добиете надградбата автоматски ако веќе сте регистрирани на програмата Android 13 QPR Beta.

Кога станува збор за она што го носи првото бета ажурирање, искуството за навигација со гестикулација е променето, бидејќи сега на секоја апликација имате стрелка на левата страна што значи враќање назад. На овој начин, според Google, желбата е да се подобри разбирањето и корисноста на движењата наназад. Исто така, ја надополнува позадината и темата на уредот.

Покрај тоа, Android 14 Beta 1 ги подобрува и јазичните поставки за апликациите, кои беа воведени на Android 13. Така, тастатурата ќе го знае јазикот на корисничкиот интерфејс на апликацијата.

Претходно дознавме дека Android 14 ќе донесе подобра приватност, безбедност и перформанси, а подобрено е и искуството за користење таблети и уреди на преклоп.

Android 14, исто така, носи подобрен стил на интерфејс во некои области, заедно со промени на API врз основа на повратни информации од Developer Preview 1. Исто така, има интегрирана поддршка за дозволување апликациите да пристапуваат само до избраните фотографии и видеа, да пристапуваат до сите или воопшто да не даваат пристап.

Покрај тоа, Android 14 доаѓа и со оптимизации на системот за управување со меморијата на Android, што го подобрува искористувањето на ресурсите додека апликациите работат во заднина.

Оваа бета верзија ќе биде проследена со друга во мај, според временската рамка за објавување на Google. Се очекува стабилното ажурирање на Android 14 да започне да се прикажува на телефоните на Google Pixel во август и септември.

URL
Тагови
реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе