Првата дама Ѓоргиевска: Мора да го негуваме менталното здравје

Скопје, 13 мај 2022 (МИА) – Подигање на свеста за менталното здравје кај младите лица, со цел полесно да се справат со предизвиците со кои се соочуваат и ќе се соочат во иднина, е целта на работилницата на тема „Синдром на прегореност“ (Burn out syndrome), на која се обрати и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека пандемијата е таа која што имаше огромно влијание не само на физичкото здравје, но и на психолошката и емоционалната состојба кај луѓето, предизвикувајќи стрес и анксиозност.

– Бројот на луѓе кои страдаат драстично порасна за време на пандемијата. Хроничниот стрес, изолацијата и анксиозноста водат до ментална, емотивна и физичка исцрпеност. Пандемијата предизвика индивидуални и колективни трауми, поради социјалната изолација, чувството на страв од зараза, анксиозност поради неизвесната иднина, како и емоционални шокови, тагата и болката поради загубата на блиски луѓе, рече Ѓоргиевска.

Често се вели во здраво тело – здрав дух, но, и здравиот дух, нагласува таа, мора да го негуваме, а синдромот на „Burnout“ да го превенираме.

– Секогаш сметам дека превенцијата е клучна и доколку сме во можност најдобро е да ги спречиме негативните појави, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека доколку навремено и соодветно не се адресираат овие состојби можат да имаат долгорочни негативни влијанија.

Сопругата на претседателот изрази уверување дека овие работилници, бесплатните сесии со психолози, стручните прирачници и интерактивните мапи, ќе ја променат перцепцијата во македонското општество, ќе помогнат кон отстранување на стигмата поврзана со менталното здравје и ќе им помогнат на луѓето да добијат добри и практични совети за ментална хигиена, како основа за нивната добросостојба.

Ова е една од четирите работилницата кои по повод месец мај, посветен на менталното здравје, се организираат од страна на Националниот младинскиот совет на Македонија, со поддршка на Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија „Млади Хаб“. Во работилницата учествуваат млади на возраст од 15 до 29 години.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе