Доколку уште не сте ја играле Hitman, повторно независното студио Io-Interactive ја направи првата секција од играта бесплатна, а можете да ја најдете на нивниот сајт.
ICA Facility локацијата има две мисии од главната приказна, два escalation договори, преку 40 предизвици и ќе можете да ги видите сите поврзани видео сегменти. Доколку се одлучите за купување по играњето, сите постигнувања ви остануваат.
Покрај ова, целата прва сезона ќе биде на 60% попуст во период од една недела, доколку се одлучите на преостанатите авантури на Агентот 47.