ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Бразилскиот фудбалер Нејмар дефинитивно ќе го напушти саудиски Ал Хилал, а веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што објави Фабрицио Романо, 32-годишниот Нејмар е на прагот да се врати во бразилскиот гигант Сантус.

Сантус веќе испратил понуда до Ал Хилал за позајмица на Нејмар до крајот на сезоната, односно до крајот на договорот со саудискиот клуб. Се очекува истата да биде прифатена.

Еден од доказите дека Нејмар дефинитивно го напушта Ал Хилал е тоа што клубот не го пријави за вториот дел од сезоната на саудиската Про лига, што не е чудно ако се земе предвид дека Бразилецот одигра само 7 натпревари од неговото доаѓање во клубот пред година и пол, а поради честите и долги паузи поради повреди. Сепак, на Саудијците им наплати вртоглави 200 милиони евра.

Иако се очекуваше да оди во МЛС, поточно во Интер Мајами или Чикаго Фајр, Сантус беше најконкретен и навивачите на бразилскиот клуб повторно ќе имаат можност да го гледаат фудбалерот кој им донесе 6 трофеи со 136 голови во 225 натпревари во периодот од 2009 до 2013 година.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Фудбал

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе