Првата премиерка на Италија инсистира да ѝ се обраќаат во машки род

Џорџа Мелони, првата жена шеф на италијанската влада, инсистира во официјалната комуникација да ѝ се обраќаат во машки род.

Во најавите се наведува дека станува збор за пораката „прес-службата на претседателот Џорџа Мелони“ или „како што изјави претседателот на Советот на министри...“, пишува италијанскиот весник La Repubblica.

На веб-страницата на италијанското Министерство за јавна администрација, објавени се извадоци од публикацијата Препораки за несексистичка употреба на италијанскиот јазик од 1987 година, во која на страница 112 пишува дека правилната употреба е „Претседател Марија Роси“, а не „ претседателката Марија Роси“. Но, во документот се наведува и дека кога има изразена желба да се користи формата од машки род, тоа не е граматичка грешка.

Во италијанскиот јазик зборот за претседател е ист, Presidente, а граматичкиот род се одредува само со членот - во машки род il, и во женски род la.

Клаудио Маразини, претседател на институцијата Accademia della Cruscaa, која се занимава исклучиво со лингвистиката и филологијата на италијанскиот јазик, од друга страна, истакнува дека женскиот род е легитимна граматичка форма, па дури и ако Мелони сака да ѝ се обраќаат во машки род, секој може да избере форма што ја преферира.

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Лаура Болдрини, која се бори да се посвети поголемо внимание на положбата на жените, не е изненадена од потегот на Мелони.

„Нејзината партија се вика Италијански браќа, сè се врти околу мажите, нема вистинско признание за жените во нејзината политика, ниту со зборови ниту со дела“, изјави претставник од редовите на Демократската партија, пренесува весникот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе