Први ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните

Штом ќе биде достапна вакцината против COVID во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Потоа, како што нагласија Арсовски и Хоџа, ќе се вакцинираат политичарите.

-Како што најави премиерот Зоран Заев, и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на COVID-19, истакнаа портпаролите.

Тие претходно соопштија дека се во тек преговори за директна набавка на вакцини против COVID-19.

-Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, рече Арсовски.

Покрај Ковакс механизмот, нагласи, во тек се преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата.

-Република Северна Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни преговори, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски.

Според него, сè уште не се знае колку и кога Бугарија ќе ѝ донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја.

Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе