Четири лица се тешко повредени во силна експлозија во шведскиот град Гетеборг, а полицијата истражува дали на местото на настанот имало експлозивна направа, пренесе Reuters.
Најмалку 16 лица се хоспитализирани откако рано утрово се случи силна експлозија во зграда. Пожарникарите ги спасуваа луѓето, извлекувајќи ги преку скали и прозорци од опожарената градба. Три жени и еден маж се здобиле со сериозни повреди.
Шведското радио SR соопшти дека околу 25 луѓе се однесени во различни болници во градот. Пожарот се уште не е под контрола, а станарите се евакуирани.
„Стотина луѓе се евакуирани, некои од луѓето скокаа од прозорци“, изјави шефот на спасувачката служба.
Засега не се познати причините за експлозијата, но истрагата е во тек и се чекаат првичните резултати.