Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Макфакс
/ 28.03.2025 / 08:48

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на EMSC, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.

Тие велат дека земјотресот траел многу долго време, а првата снимка е веќе поставена на Х, на која се гледа како силно се почувствувал земјотресот во Бангкок, кој е оддалечен речиси 1.000 километри од епицентарот.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се тресеше повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тие во коментарите.

Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути, други пишуваат дека се урнала зграда во изградба во Бангкок, од што излезе и видео.

реклама

Свет

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Read more

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Read more

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе