На првиот човек на Баерн Ули Хенес „му пукна филмот“ и жестоко реагираше на кампањата на германски Bild кој по секоја цена сака да се врати Томас Милер во минхенската екипа.
Познато е дека во изминативе неколку недели Bild жестоко ги критикуваше Баерн и тренерот Нико Ковач поради односот кон Милер кој заврши на клупа на сметка на новото засилување Филипе Кутињо.
„Навистина е невидено тоа што весникот го објави за Томас. Напишаа дека Томас сака да си замине од Баерн во јануари. Со тоа практично го присилуваат тренерот да го користи Милер од првата минута во секој натпревар и му ја составуваат екипата. Ви гарантирам дека е тоа чисто сра*е. Никој не сака да му наштети на Милер, никој не сака да се ослободи од него. Се работи за интересот на клубот, а тоа значи секој играч да си ги подреди личните интереси и да се фокусира на тоа клубот да биде успешен. Ништо друго не е важно. Неверојатно е со какви сра*а се служат“, рече Хенес.
Баерн вечерва во Грција игра против Олимпијакос, а според првичните прогнози, Милер овој натпревар ќе го почне на клупа. Сезонава за Баерн во сите натпреварувања одигра 11 натпревари, постигна еден гол и запиша четири асистенции.