Фудбал

Првиот меч на СП 2018 ќе се игра со „вселенска топка“

13. јуни 2018 - 17:46 | А.С.

Првиот меч на Светското првенство меѓу Русија и Саудиска Арабија ќе се игра утре на московскиот стадион „Лужники“ со т.н. вселенска топка која космонаутите ја користеа во Меѓународната вселенска станица.

Рускиот космонаут Олег Артемјев ја понесе топката со себе кога во март се приклучи на еипажот на Меѓународната вселенска станица.

Артемјев и неговиот колега Антон Шкаплеров ги покажаа нивните фудбалерски вештини кога заиграа фудбал во вселената. Космонаутите се вратија на Земјата на 3 јуни и ја вратија со себе и топката.

Мундијалот во Русија ќе се игра со топка Telstar 18 која беше креирана според првата Telstar топка на Adidas што се користеше на Светското првенство во 1970 година во Мексико.

Името Telstar го доби како кратенка од „star of television“ (телевизиска ѕведа), со оглед на тоа дека СП во Мексико беше првото што се прикажуваше на ТВ ширум светот.

Топката Telstar од 1970 година била направена со дополнителни црни панели за да се истакнува подобро на црнобелите ТВ-екрани, со што засекогаш се смени дизајнот на фудбалските топки.

Коментирај