Првиот најголем град во светот: 17 интересни факти за Токио

Мегалополисот Токио, со над 35 милиони жители, е најголемиот град во светот.

Буквално преведен, Токио ( 東京) значи Источна престолнина, и во него, сметајќи ја и околината, живеат речиси 40 милиони луѓе.

Заедно со околните области кои ги вклучуваат и градовите Јокохама, Кавасаки, Чиба и Саитама, областа Голем Токио се простира на над 8.050 километри квадратни со население од над 35 милиони жители и е најголемата метрополитенска област во светот.

1. Основан е во 12 век под името Едо.

2. Бил првиот најголем град во светот кога во 1962 година достигнал 10 милиони жители.

3. Во периодот кога се ближи фестивалот на цветањето на црешите, вестите на сите телевизии и радија во Токио секогаш започнуваат со информации за тао во која фаза од цветањето се црешите ширум цела Јапонија.

4. Округот Харајуку е најпосетената област во Токио. Една од причините за ова е секако паркот Јојоги, каде што се наоѓа храмот Меиџи Џингу.

Овој храм е посветен на царот Меија и царицата Шокен кои починаа на почетокот на 20 век. Целиот овој парк со храмот е посебно искуство на пролет кога цвета јапонската цреша, и кога фотографиите од ова место го преплавуваат целиот свет.

5. Ошија, или туркачи на патници, се вработени во железницата во Токио, а нивната работа е буквално да ги туркаат луѓето во возовите во најпрометните периоди.

6. Царската палата во Токио е отворена само за време на роденденот на царот и за Нова година, а во текот на остатокот од годината е затворена.

Резиденцијата на јапонскиот цар била изградена врз урнатините на стариот замок Едо, каде живеела династијата Токугава, која владеела со Јапонија од почетокот на 17 век до средината на 19 век. Новата царска палата е изградена во 60-тите години на минатиот век и се состои од неколку згради, а зафаќа површина од 1,15 квадратни километри.

7. 3,64 милиони е просечниот број на патници кои минуваат низ станицата Шинјуку, што ја прави најфреквентна железничка станица во светот.

8. Хотелите-капсули се наоѓаат низ целиот град. Собите во овие хотели се со големина на просечен фрижидер, а секоја од нив има ТВ и WiFi.

9. Токио е „сопственик“ на најпознатиот рибен пазар во светот. Над 500 илјади тони морска храна, вредни околу 28 милиони американски долари, се продаваат дневно на пазарот Цукиџи, кој зафаќа површина од над 54 хектари.

10. И сопственик е и на најпознатата раскрсница во светот - Шибује, која има 5 пешачки премини и 10 сообраќајни ленти. Велат дека повеќе од 2.000 луѓе поминуваат во само една смена, а повеќе од 40.000 луѓе минуваат на секои 30 минути. Тука се организира новогодишната ноќ, како и прославата на Ноќта на вештерките, која станува сè попопуларна кај јапонската младина.

11. Населбата Шибуја е позната и по кучето Хачико, чија статуа стои на местото каде што 10 години го чекало својот сопственик кој ненадејно починал. Оваа приказна е задолжителна во јапонските училишта затоа што ги учи децата за лојалност уште од најрана возраст.

12. Темпура е најпознатото јапонско јадење после суши. Тоа е мешавина која се нанесува на овошје, месо или риба, а потоа се пржи во масло.

13. Иако е една од најпопуларните атракции на Токио, планината Фуџи е видлива помалку од 180 дена во годината поради облаците и загадувањето на воздухот.

14. Токио има над 100 универзитети и факултети, што е најголема концентрација на факултетски институции во еден град во светот. Една третина од студентите во Јапонија студираат во Токио.

15. Токио требаше да биде домаќин на Летните олимписки игри во 1940 година, но одеднаш игрите биле преместени во Хелсинки пред потоа да бидат откажани поради Втората светска војна.

16. Токискиот Disneyland е првиот забавен парк на Disney надвор од САД и во него работат над 20.000 луѓе.

17. Ајфеловата кула послужила како инспирација за Токиската кула. Кулата се фарба на секои пет години, а самиот процес на фарбање трае 12 месеци.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе