Од моментот кога Kia почна да го најавува својот прв пикап, знаевме дека ќе изгледа чудно.
Конечно видовме како изгледа Tasman (наменет за Австралија) на почетокот на оваа недела - од речиси секој агол, тоа е малку чудно возило, но јужнокорејската компанија е задоволна од тоа како испадна сето тоа.

Бранејќи го стилот на Tasman, шефот за надворешен дизајн на Kia, Џон Бакинге, изјави за австралиското списание Carsales:
„Горди сме на она што го постигнавме. Одделот за дизајн создаде нешто уникатно и има многу позитивни одговори за тоа“.

Сите дизајнерски студија на компанијата ширум светот беа вклучени во процесот (околу 20 од нив), додека Kia не ги избра последните три кои беа изградени на скала 1:1.

Освен необичниот изглед, друга замерка е отсуството на мотор со шест цилиндри, но тоа е разбирливо ако се земе предвид дека Ford Ranger, Volkswagen Amarok и Toyota Hilux имаат V6. Како и со дизајнот, Kia ја брани својата одлука да нуди само четирицилиндрични бензински и дизел мотори.

Kia Australia веќе изрази интерес за потенцијална SUV верзија на Tasman. Ако дојде, ќе биде ривал на Ford Everest, SUV со каросерија изградена на платформата Ranger, кој се продава на одредени пазари.
