Архитектура

Првиот пловечки град на светот ќе биде изграден до 2020

14. ноември 2017 - 14:45 | К.З.

Проектот кој се одвива во моментот има за цел да изгради полу-автономен град кој ќе плови во близина на брегот кај Француска Полинезија, и тоа најдоцна до 2020 година.

Амбициозниот проект треба да понуди вдомување за 300 луѓе, заедно со домови, ресторани, канцеларии и продавници.

Според дизајнерите на проектот, веќе е започнат концепт-дизајнот за истиот и за неколку години градот ќе почне со вдомување на првите жители.

„Ако имаме пловечки град, тоа ќе биде како да имаме стартап држава. Владите насекаде низ светот не стануваат ништо подобри, а тука ќе можеме да направиме Влада за секого“, рече Џо Куирк, претседател на Seasteading институтот.

Пловечкиот град ќе функционира како посебен систем во „специјална економска зона на вода“, со што ќе им овозможи на Seasteading да испробаат некоја од нивните идеи во строго контролирана средина.

Инженери и архитекти ја посетија локацијата каде треба да почне со изградба овој град. Нивните амбиции се големи и тие најавија дека ќе работат на отворање на институт за истражување, како и на фабрика за енергија која ќе се грижи за струјата и чистата вода во градот.

Проектот се очекува да чини околу 167 милиони долари.

Коментирај