Објавен е првиот трејлер за филмот „Kingsman: The Golden Circle“, а во него гледаме како ликот што го толкува Колин Фирт се враќа од мртвите.
Првиот дел беше хит во 2014 година, а продолжението исто така ветува добра забава, судејќи според овој спектакуларен трејлер.
Во главните улоги се појавуваат Ченинг Тејтум, Хали Бери, Џулиен Мур и Џеф Бриџис. Покрај новите актери, како дел од екипата се враќаат Марк Стронг, Софи Куксон и Колин Фирт.
Премиерата во Велика Британија е закажана за 29 септември.