Првите функционери на ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство, Ејуп Алими и Исмет Гури, на 16 март седнуваат на обвинителна клупа.
Тие се обвинети дека уништувале изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова.
Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери од ДУИ. Претходно, судот им ги одзеде пасошите, па тие се жалеа до Апелациониот суд.