Првите живи роботи сега можат и да се размножуваат

Американските научници кои ги создадоа првите живи роботи велат дека животните форми познати како ксеноботи сега можат да се репродуцираат, на начин непознат кај растенијата и животните.

Формирани од матичните клетки на африканската канџаста жаба (Xenopus laevis) по која го добија името, ксеноботите се помали од еден милиметар.

Овие грутки првпат беа претставени во 2020 година, откако експериментите покажаа дека можат да се движат, да работат заедно во групи и да се самолекуваат. Сега научниците од Универзитетот во Вермонт, Универзитетот Тафтс и Институтот за биолошки инспирирано инженерство на Универзитетот Харвард објавија дека откриле сосема нова форма на биолошко размножување, различно од кое било животно или растение познато на науката, пишува CNN.

„Бев изненаден од тоа. Жабите имаат свој начин на репродукција, но кога ќе ги одвоите клетките од остатокот од ембрионот и ќе им дадете шанса да разберат како да преживеат во нова средина, тие не само што ќе најдат нов начин да се движат, туку ќе најдат и нов начин за репродукција“, рече Мајкл Левин, професор по биологија и директор на Центарот Allen Discovery при Универзитетот Тафтс, кој го предводеше новото истражување.

Remote video URL

Како се создадени ксеноботите?

Матичните клетки се неспецијализирани клетки кои можат да се развијат во различни типови на клетки. За да создадат ксеноботи, истражувачите ги застругаа живите матични клетки од ембрионите на жабата и ги оставија да се инкубираат. Нема манипулација на гените.

„Повеќето луѓе мислат дека роботите се направени од метал и керамика, но не е толку важно од што е направен роботот, туку што прави, или дали работи во корист на луѓето. Во таа смисла, тоа е робот, но очигледно организмот е создаден од генетски немодифицирани жабји клетки“, вели Џош Бонгард, професор по компјутерски науки и роботика на Универзитетот во Вермонт и главен автор на студијата.

Бонгард рече дека откриле дека ксеноботите, кои првично биле во сферична форма и направени од околу 3.000 клетки, може да се реплицираат. Но, тоа се случуваше ретко и само под одредени околности. Ксеноботите користеле „кинетичка репликација“, процес за кој се знае дека се случува на молекуларно ниво, но никогаш претходно не бил забележан на ниво на цели клетки или организми.

Помогна и суперкомпјутер

Со помош на вештачка интелигенција, истражувачите потоа тестираа милијарди форми на тела за да ги направат ксеноботите поефикасни во овој тип на репликација. Суперкомпјутерот смислил C-облик кој наликува на Pac-Man, видео игра од 80-тите. Откриле дека е способен да ги пронајде ситните матични клетки во лабораториски сад, собирајќи стотици од нив во устата, а неколку дена подоцна клеточниот сет стана новиот ксенобот.

„Вештачката интелигенција не ги програмираше овие машини онака како што обично ги замислуваме, пишувајќи код. Таа го обликуваше и го осмисли овој Pac-man облик. Тој облик, во својата срж, е програма“, изјави Бонгард за CNN.

Ксеноботите се многу рана технологија, нешто како првите компјутери од 1940-тите, и сè уште немаат практична примена. Сепак, оваа комбинација на молекуларна биологија и вештачка интелигенција потенцијално би можела да се користи во низа задачи во телото и околината, тврдат истражувачите. Тие може да вклучуваат собирање микропластика во океаните и регенеративна медицина.

И покрај тоа што можноста за самореплицирање на биотехнологијата може да биде загрижувачка, истражувачите нагласија дека живите машини се целосно ограничени на лабораторијата и лесно се исклучуваат, бидејќи се биоразградливи и регулирани од експерти за етика. Истражувањето беше делумно финансирано од Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана, агенција на САД која го надгледува развојот на технологијата за воена употреба.

„Постојат многу работи кои се можни ако го користиме овој тип на пластичност и способноста на клетките да решаваат проблеми“, заклучува Бонгард. Студијата беше објавена во понеделникот во рецензираното научно списание PNAS.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Read more

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Read more

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Read more

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе