Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Целта на сириската бунтовничка коалиција, која оваа недела ја презеде контролата врз уште еден голем град од режимот, е да го собори претседателот Башар ал-Асад, според Абу Мохамад ал-Џолани, водачот на главната група која ја предводи вооружената опозиција во земјата.

Во ексклузивното интервју за CNN, ал-Џолани јасно стави до знаење дека амбициите на групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) - која произлезе од нејзината поранешна поврзаност со Ал-Каеда - не се ништо помалку од ставање крај на режимот на Асад. Во своето прво интервју за медиумите по неколку години, на непозната локација во Сирија, тој зборуваше за плановите за формирање влада базирана на институции и „совет избран од народот“.

„Кога зборуваме за цели, целта на револуцијата останува соборување на овој режим. Наше право е да ги искористиме сите расположливи средства за да ја постигнеме таа цел. Семето на поразот на режимот отсекогаш било во него... Иранците се обидоа да го оживеат режимот, купувајќи му време, а подоцна и Русите се обидоа да го поддржат, но вистината останува: овој режим е мртов“, рече ал-Џолани.

Откако избија од нивната територија во северозападниот дел на земјата пред повеќе од седум дена, напредокот на бунтовниците беше неверојатно брз, преземајќи ја контролата врз вториот по големина град во земјата, Алепо, пред да го заземат стратешки важниот град Хама.

Шокантната офанзива му зададе голем удар на Асад и неговите сојузници во Иран и Русија, истовремено разгорувајќи ја граѓанската војна која со години беше во застој.

Сириските бунтовнички сили се децентрализирани и составени од различни идеологии, иако ги обединува заедничката цел за соборување на Асад. Сепак, корените на ХТС и ал-Џолани во екстремистичките исламистички движења фрлаат сенка врз нивните амбиции.

Иако ал-Џолани се обидува да ја оддалечи својата нова група од Ал-Каеда, во 2018 година САСД ја означија ХТС како странска терористичка организација и понудија награда од 10 милиони долари за неговото апсење.

Излегувајќи од сенките

За некој кој некогаш оперираше во сенка, ал-Џолани зрачеше со доверба и се обиде да даде вдахне модерност за време на состанокот со CNN, кој се одржа сред бел ден и со мала безбедност. За време на интервјуто пристигна вест дека силите под негова команда го зазеле градот Хамa.

Внатре во територијата под контрола на бунтовниците во Сирија, јасно е дека aл-Џолани повеќе работи како политичар отколку како бегалец. Откако силите лојални на него го освоија Алепо, тој се појави во јавноста во историската цитадела на градот.

Ал-Џолани вели дека поминал низ фази на трансформација низ годините.

„Личност во своите дваесетти ќе има поинаква личност од некој во триесеттите или четириесеттите години, а секако некој во своите педесетти. Тоа е човечката природа“, вели ал-Џолани.

Како млад борец, ал-Џолани стекна искуство во Ал-Каеда борејќи се против САД во Ирак. По враќањето во својата татковина за време на сириската граѓанска војна, го предводеше огранокот на терористичката организација во Сирија, познат како Џабхат Ал-Нусра. Подоцна ги прекина врските со Ал-Каеда, а неговата организација еволуираше во Хајат Тахрир ал-Шам, исто така позната како Организација за ослободување на Левант, на почетокот на 2017 година.

САД, Турција, Обединетите нации и неколку западни земји сè уште ја сметаат ХТС за странска терористичка организација, и покрај напорите на групата да се дистанцира од своите корени.

Интервјуто на ал-Џолани за CNN во четвртокот претставува големо отстапување од неговата остра реторика за време на неговото прво телевизиско интервју во 2013 година, кога зборуваше за Al Jazeerа облечен во превез. Во тоа време неговите изјави беа насочени кон зајакнување на сирискиот огранок на Ал-Каеда.

Во четвртокот, ал-Џолани претстави поинаква визија за земјата разурната од војна. Во знак на напорите за ребрендирање, тој за прв пат јавно го употреби своето вистинско име – Ахмед ал-Шараа – наместо военото име по кое е надалеку познат.

Додека воените успеси на бунтовничката коалиција ја прошируваат територијата и населението под нивна контрола, ал-Џолани инсистираше на тоа дека цивилите немаат причина да се плашат во управувањето со областите под контрола на бунтовниците.

„Луѓето кои се плашат од исламското владеење или ги виделе неговите погрешни примени или не го разбрале правилно“, тврди ал-Џолани.

Доколку опозициските сили успеат да го соборат Асад, ќе се случи транзиција, според неговата визија, во „состојба на владеење, институции и слично“.

Групата рече дека работи на уверување на цивилите и групите кои претрпеле прогон од екстремистички и џихадистички групи за време на децениската граѓанска војна во Сирија. Тие, исто така, јавно ги уверуваа христијаните и другите верски и етнички малцинства дека ќе бидат безбедни под нивно владеење.

„Имаше одредени прекршувања против нив (малцинствата) од страна на поединци за време на периодот на хаос, но ние се занимававме со тие прашања. Никој нема право да збрише друга група. Овие секти коегзистираат во овој регион стотици години, и никој нема право да ги елиминира“, рече ал-Џолани како одговор на загриженоста за нивната безбедност.

Критика и означување на тероризам

Организациите за човекови права и локалните набљудувачи, сепак, изразија загриженост поради неодамнешниот третман на ХТС кон политичките неистомисленици во Идлиб, тврдејќи дека групата жестоко ги репресирала протестите и ги мачела и малтретирала дисидентите.

Ал-Џолани изјави за CNN дека таквите инциденти „не се направени по наша наредба или инструкции“ и дека ХТС веќе ги санкционирала инволвираните.

Ал-Џолани се осврна и на тековното прогласување на ХТС како терористичка организација, нарекувајќи ја етикетата „првенствено политичка и во исто време неточна“, тврдејќи дека некои екстремни исламистички практики „создадоа јаз“ меѓу ХТС и џихадистичките групи. Тој тврдеше дека се спротивставува на некои од бруталните тактики на другите џихадистички групи, што доведе до негово прекинување на врските со нив. Тој исто така тврдеше дека никогаш лично не учествувал во напади врз цивили.

Кога CNN го посети Алепо претходно истиот ден, тимот откри дека градот изгледа мирно и покрај неговото ненадејно преземање од опозициските сили минатата недела. Пазарите беа отворени, луѓето одеа по улиците, а животот продолжи и покрај бомбардирањето од проруските авиони на Асад.

Контролата на Асад врз земјата ја зајакнаа неговите сојузници. Како што растеа антивладините сили по Арапската пролет во 2011 година, иранската Револуционерна гарда и нејзиниот либански сојузник Хезболах помогнаа во борбата против вооружените бунтовнички групи на теренот. На небото сириската авијација е засилена со руски авиони.

Ал-Џолани изрази желба странските сили да ја напуштат Сирија. Во моментов во земјата има сили од САД, Турција, Русија и Иран.

„Мислам дека кога овој режим ќе падне, тоа прашање ќе биде решено и нема да има потреба странските сили да останат во Сирија. Сирија заслужува систем на управување што е институционален, а не систем во кој еден владетел носи произволни одлуки“, додаде тој. Династијата Асад е на власт 53 години, од 1971 година. Со цел да го одржи своето повеќедецениско владеење, режимот уби стотици илјади луѓе, затвори дисиденти и брутално раселува милиони во земјата и во странство“, рече ал-Џолани.

На крајот откри и која е неговата крајна цел.

„Зборуваме за поголем проект - зборуваме за изградба на Сирија“, продолжи ал-Џолани. „Хајат Тахрир ал-Шам е само еден дел од овој дијалог и тој може да заврши во секое време. Тоа не е цел сама по себе, туку средство за исполнување на задачата: соочување со овој режим“, заклучи ал-Џолани.

Тагови
реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Свет

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more
 

Вести

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште 9 лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Читај повеќе

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Читај повеќе

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Читај повеќе
  • filter

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Читај повеќе

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Читај повеќе

Без струја делови од Аеродром и Сарај

Читај повеќе

Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно

Читај повеќе