Прво издание на Cotton Blues Festival: Се остварува сонот на Гого

Александра Спасеска
/ 02.09.2020 / 10:24

Љубителите на блузот во следните два дена ќе имаат можност да уживаат во првиот акустичен блуз фестивал во Скопје - Cotton Blues Festival.

Настанот ќе се одржи на 3 и 4 септември на плоштадот Мајка Тереза пред МОБ.

Како дојде до конечно реализирање на идејата за одржување на блуз фестивалот, особено во време на пандемија, ни раскажа Никола Петровски, еден од селекторите на програмата, заедно со Сашо Ѓорѓевски од познатото блуз дуо „In The Mood“.

- Идејата е на нашиот другар инаку познат скопски педијатар, Ѓорѓи Паскалов - Гого, кој со години е редовен на свирки кога настапуваме како „In The Mood“, и е голем љубител на блуз-музиката. Тој постојано „досаѓаше” во стилот, „Еј мора и кај нас еден фестивал да направиме, да видат дека сме блузерска нација”, и слично. Лани нѐ собра екипа од неколкумина блуз-музичари, љубители и ентузијасти и почнавме со реализација на оваа идеја, објаснува Петровски, познат меѓу љубителите на блуз-сцената како Џими.

Во поглед на програмата, тој нагласува дека поминала низ неколку промени и рокади, со оглед на тоа што првично фестивалот требало да се одржи во мај, но поради пандемијата плановите се пролонгирале.

„Некои музичари не беа во можност да патуваат поради рестрикциите, па затоа ја прекроивме програмата, која сметам дека на скопската блуз-публика ќе им понуди одлични две фестивалски вечери.

Првата вечер на 3 септември ќе настапат дуото Инес Сибун (В. Британија) и Маркус Мелоун (САД) (Innes Sibun & Marcus Malone), кои долги години настапуваат заедно како бенд и како дуо формација. А вечерта ќе ја отворат дуото од Србија гитаристот Ненад Златановиќ и Гиле Слим на усна хармоника.

Втората вечер ќе почне со исто така дуо од Србија, познатите Гемблерс, Марин Баленовиќ и Александар Стануловиќ, а ќе се финишира со Тим Шејкдаун и Иљас Скоч (Shakedown Tim & Ilias Scotch) од Белгија.

Хедлајнерите Innes Sibun & Marcus Malone

Во организацискиот тим, покрај Петровски, Ѓорѓевски и Паскалов, уште се и Вања Штркова, Дарко Стојоски, Димитар Даневски, Златко Андријевски и Бојан Темелковски.

Организацијата на фестивал за време на пандемија е огромен предизвик, потенцира Петровски.

„Одговорноста пред сѐ е огромна со цел да бидат запазени сите мерки за безбедност на присутните. Затоа фестивалот ќе се одржи на плоштадот Мајка Тереза пред МОБ, каде што присутните ќе бидат на отворено и со запазената дистанца која ја налагаат протоколите за организирање на ваков настан. Изминатите месеци размислувавме и за откажување со оглед на тоа имаше голема неизвесност околу целата ситуација со пандемијата и што како ќе се одвива во поглед на вакви настани, но ете излегоа протоколите и сепак решивме да го одржиме и тоа со максимално намален капацитет, притоа со запазени сите безбедносни мерки“, вели тој.

Ограничениот број билети веќе е распродаден, а средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели, нагласуваат организаторите.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Музика

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Read more

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Read more

Топ 10 најиритирачки песни на сите времиња

Read more
 

Сцена

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе