Американскиот тенисер Џек Сок ќе му биде противник на Роџер Федерер во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Сок во последното четвртфинале славеше против петтиот фаворит Кеи Нишикори.
Најдобриот резултат во кариерата Џек Сок го постигна на годинешното издание на Мастерсот во Индијан Велс. Американецот за еден час и 49 минути и победата 6:3, 2:6, 6:2 над Нишикори, избори пласман во полуфиналето на турнирот.
Противник за пласман во финалето ќе му биде Роџер Федерер кој без борба стигна меѓу најдобрите четворица, откако поради болки во стомакот Ник Кирјос му го предаде мечот.
Федерер и Сок имаат одиграно два меча и двата завршиле со победа на Швајцарецот.
Победникот од овој дуел, во финалето ќе игра против победникот од полуфиналето во кое ќе се сретнат Стан Вавринка и Паблу Карењо-Буста.