Прво полетување на руски космонаут од САД по 20 години

Руски космонаут првпат по 20 години полета во вселената од американското тло - од Кејп Канаверал на Флорида до Меѓународната вселенска станица, заедно со уште тројца астронаути, двајца американски и еден јапонски, без разлика на големите тензии поради војната во Украина.

Поради ураганот Иан, летот на ракетата SpaceX со оваа посада беше одложен. Ураганот ја зафати Флорида, земајќи 75 жртви и оставајќи зад себе голема материјална штета.

– Се надевам дека со ова полетување ќе го разведриме небото над Флорида за секого, изјави јапонскиот астронаут Коичи Ваката, на кого ова му е петти пат да оди во вселената.

Со него во петмесечната мисија заминуваат американската потполковничка Никол Мен, американскиот капетан Џош Касада и руската космонаутка Ана Кикина.

Никол Мен е првата претставничка на домородно американско племе во вселената.

Мисијата Space-X треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица 29 часа по полетувањето. Таа таму ќе ја замени американско-италијанската посада, која е на станицата од април.

Ана Кикина од Руската вселенска агенција полетува како замена на американскиот астронаут на НАСА, Френк Рубио, кој пред две седмици отиде во вселената со руската ракета Союз од космодромот Бајконур во Казахстан.

Националните вселенски агенции летово се договорија за замената со цел да се обезбеди континуирано американско и руско присуство на Меѓународната вселенска станица што орбитира на 420 километри над Земјата.

Договор е постигнат и покрај глобалните тензии околу руската инвазија на Украина.

Следната замена на посадата на станицата се очекува напролет во 2023 година.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Вести

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Read more

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Read more

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Read more

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Read more
 

Гик

  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците очајни: Регрутираат гејмери ​​да работат како контролори на летање

Читај повеќе