Прво учество на Северна Македонија на состанок на НАТО како полноправна членка

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Северна Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

По официјалното зачленување на земјава во НАТО на 27 март 2020 година и по церемониите на подигање на македонското знаме во седиштето и воените команди на НАТО, претстојниот состанок е прв работен настан на министерот Димитров каде активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активности на Алијансата, се наведува во соопштението.

Најавувајќи годенешниот состанок, кој заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот ќе се одржи преку видеоконференција, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, вчера најави дека на собирот „ќе и биде посакно добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка“.

– Дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред, изјави Столтенберг.

Според најавите, министрите на заседанието во најголем дел ќе се фокусираат на координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата.

– Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благдариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО најави дека Северна Македонија, како најнова членка, исто така го користи системот за одговор на кризи на Алијансата за да се координира на владино ниво.

– Витална е помошта за цивилните напори, вклучително преку теренски болници, транспорт, обезбедување на граничните премини, утре кога ќе се состанат министрите ќе ги разгледаме начините на координација користејќи ги воените капацитети на НАТО, додаде Столтенберг.

– Ќе разгледуваме како да ги искористиме воените капацитети и структурата на НАТО, за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка на националните одговори на COVID-19, бидејќи сите заедно сме во оваа криза и нашиот заеднички одговор ќе биде поефективен. Клучната задача на НАТО, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во светот, мора да се сочува и мора да се осигураме дека оваа здравствена криза нема да прерасне во безбедносна криза, предупреди генералниот секретар.

Но, на состанок на НАК, покрај за зајакнување на одговорот на земјите на НАТО во справување со кризата со COVID-19, ќе се разговара и за основните операции и мисии на Алијансата, вклучително и за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе