Првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје, Тошковски најави засилен видеонадзор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера најави засилување на видеонадзорот, како и присуството на полициски службеници, откако два дена претходно двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик.

Во одговор на новинарско прашање, Тошковски вели зголемувањето на видеонадзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

„Многу ми е жал што е случен таков настан и што е споделен со јавноста, бидејќи станува збор за малолетници. Искрено целокупната јавност е згрозена од ваков тип на настани. Министерството за внатрешни работи во делот на негова надлежност ќе постапи во иднина во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сѐ што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија“, рече Тошковски.

Според Кривичниот законик, додаде, малолетниците немаат кривично-правна одговорност, така што подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

„Мислам дека подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции, отколку Министерството за внатрешни работи, затоа што станува збор за малолетници, деца кои што немаат кривично-правна одговорност согласно Кривичниот законик“, рече Тошковски.

Според соопштението на МВР, двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, завчера, со тврд предмет се обиделе да силуваат свој соученик. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

„Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него“, стои во соопштението на МВР.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Хроника

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Read more

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Read more

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди Apple

Read more

Откриен еден од убијците во Чашка: Жртвата застрелана во глава и оставена покрај пат

Read more
 

Вести

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Читај повеќе

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Читај повеќе

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Читај повеќе

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Читај повеќе

Од Зелениково до Центар за 25 минути со градски воз?

Читај повеќе

7 ноември 1829, роден е Марко Цепенков

Читај повеќе

Силјановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025

Читај повеќе