Авто новости

Првото електрично Volvo има дури 408 коњски сили и изгледа одлично

18. октомври 2019 - 15:43 | А.С.

Швеѓаните за основа на својот прв електричен модел го избраа одличниот XC40.

Сега има додаток во името – Recharge – а нуди комбинирана моќност од дури 408 коњски сили.

Автономијата на возење изнесува точно 400 километри. Поддржува полначи со моќност до 150kW, а батеријата со капацитет од 74 kWh ќе ја наполните до 80% за 40 минути.

Оваа изведба го донесе и новиот систем за забава со оперативен систем Android, а покрај задниот багажник, има малку простор за складирање и напред.

Се очекува цената на XC40 Recharge во Германија да биде пониска од 60.000 евра.

Ова е првиот од петте електрични модели што ги планира Volvo, а кои ќе ѝ помогнат на компанијата да го реализира планот до 2025 година половина од продажбата да ја сочинуваат токму електричните модели. Другата половина ќе ја сочинуваат хибриди.

Коментирај