Првото EP на Пијан Славеј е сè што ни треба ова лето

Александра Спасеска
/ 18.05.2022 / 19:09

Во пресрет на 21. OFFest што ќе се одржи од 1 до 4 јуни, Скопскиот џез фестивал ја најави промоцијата на новото издание на SJF Records - првата дискографска објава на Бранислав Николов под уметничкото име Пијан Славеј, вечерва од 20 часот во Makka Bar.

Деби изданието на Пијан Славеј се состои од 5 композиции, со вкупно времетраење од 18 минути. Херметички затворена, концизна, модернистички романтична музичка приказна што задолжително ќе се врти на repeat и ќе биде сè што ни треба ова лето.

Автор на текстовите и музичката скица е Пијан Славеј (Николов), а аранжманите и музиката во поширок контекст се дело на групата. На ова исклучително EP гостуваат: Сара Мејс (харфа), Петар Христов (кларинет) и Никола Ристановски (глас). Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е на Александар Поповски - Цанче. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

„Изворната идеја на овој акт беше да се свири поконкретна музика со поетски сензибилитет на една нова македонска шансона. А потоа, тоа стана импулс за послободна и поширока групна интерпретација, градба и наслојување. Сега сè повеќе доаѓа до израз развивањето на инструменталното ткиво врз зборовната коскеност.

Од нежен ламент до крик - чувството на изолираност и загуба како нов духовен пејзаж, но и потребата од вистинскиот уметничи допир и преживување, се суштинскиот драјв на оваа музичка експресија што постојано се трансформира во потрага по сопствен природен глас“, вели Николов.

Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси (Bandcamp, Spotify, Deezer, Apple Music, Youtube, Tidal...)

Покрај Николов (глас, мини електрично пијано), за музиката се задолжени: Пеце Трајковаки-Брада (дигитален акордеон, ел. гитара, синт, програминг), Анреа Мирческа (контрабас), Мартин Џорлев (клавијатури) и Мартина Баракоска (тапани).

„Еве нешто што претендира да биде албум на годината и тоа со полно право“, со задоволство констатираше музичкиот новинар Ненад Георгиевски.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе