Audi, Airbus и ItalDesign ги здружија силите и направија концепт што ги комбинира својствата на дрон и на автономен автомобил.
Сега покажаа и како функционира тоа.
Концептот се вика Pop.Up.Next, а беше претставен на Салонот за автомобили во Женева во март.
Откако беше претставен концептот за ова „превозно средство за вертикална и хоризонтална мобилност“, сега е претставен и во функционална смисла.
Принципот е јасен. Автономното возило ја води капсулата до дронот кој ја прифаќа и по воздушен пат ја носи до конечната дестинација.
Улогите се поделени. Airbus е задолжен за летечкиот модул, Audi за возилото, ItalDesign го среди дизајнот.
Како сето ова функционира во реалноста беше покажано пред неколку дена во Амстердам, на возило во размер 1:4.