Првпат кај нас: Електронско закажување за скрининг за рана детекција на рак на грло на матка

Грижата за женското здравје е еден од приоритетите на Министерството за здравство. Во тек е организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка.

Првпат жените имаат можност превентивен преглед да закажат електронски преку пријавување на веб платформата – skrining.mk , објави попладнево на својот Facebook профил министерот за здравство Беким Сали.

Со организиран скрининг оваа година, посочува Сали, се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

– Прегледот, во рамки на скринингот за оваа возрасна група е бесплатен. Целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија. Матичниот гинеколог ги повикува жените со датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Следната година ќе биде опфатена друга возрасна група. Ова се прави согласно препораките на СЗО, интервалот на спроведување на скринингот е три години за да се опфатат сите возрасни групи, напиша Сали.

Оваа активност, потенцира министерот, се реализира во соработка со „Мој Термин“, УНФПА и Националната комисија за рак на грло на матка при Министерството за здравство кои изминатиот период интензивно работеа на оваа новина.

Пет симптоми на рак на грлото на матката кои не треба да ги игнорирате

Позитивен тест за ХПВ не е причина за паника

Причината за скоро сите карциноми на грлото на матката се инфекции со хуман папилома вирус (ХПВ), па затоа е разбирлива загриженоста кај жените кога ќе им биде дијагностициран ХПВ, но здравствените експерти велат дека тоа не е причина за тревога.

ХПВ инфекцијата не е преканцерозна состојба, а уште помалку рак. ХПВ обично нема симптоми и обично имунолошкиот систем на телото сам го отфрла по некое време.

Само мал број на продолжени инфекции со ХВП резултираат во промени во ткивото што можат да бидат претходник на рак на грлото на матката, а тестирањето за ХВП најчесто се прави за да се процени ризикот од рак.

Постојат повеќе од сто варијанти на ХПВ, што е најчеста сексуално пренослива инфекција. Повеќето сексуално активни жени и мажи ќе бидат заразени во одреден момент од нивниот живот, а некои може да се заразат повторно, според Светската здравствена организација (СЗО).

Колку дебелината го зголемува ризикот од рак на матката?

Во делови на Европа, жените над 35 години сега рутински се тестираат за ХВП како дел од скринингот за карцином. Како резултат, откриени се повеќе инфекции отколку што беше случај претходно.

Позитивен тест укажува на клинички значајна ХПВ инфекција на грлото на матката и зголемен ризик од промени во ткивото. Во овој случај, следниот тест се прави по една година.

Ако и тој е позитивен, три месеци подоцна жената се подложува на колпоскопија. Колпоскопија е медицинска постапка што ги набљудува грлото на матката, вагината и вулвата под големо зголемување со помош на специјално дизајниран подвижен микроскоп, наречен колпоскоп.

Во случај да бидат откриени само мали промени во ткивото, жените мора да одат на почести прегледи за да ги следат овие промени. Големите промени можат да бидат преканцерозни и затоа се отстрануваат како мерка на претпазливост.

Постојат вакцини против ХПВ. Постојаниот комитет за вакцинација на институтот Роберт Кох, одговорен за контрола и превенција на болести во Германија, препорачува момчињата и девојчињата да се вакцинираат против ХВП на возраст од 9 до 14 години.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Здравје

Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Препознајте ги на време: Пет предупредувачки знаци што укажуваат на побрзо стареење

Read more
 

Магазин

Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Читај повеќе
  • play_arrow

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Читај повеќе
  • play_arrow

10 мистерии за Бермудскиот триаголник кои никој не може да ги објасни

Читај повеќе

Оригинален рецепт за мексикански палачинки

Читај повеќе

Расте бројот на млади пушачи во Германија

Читај повеќе

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Читај повеќе

Во кој хороскопски знак се раѓаат најголемите мајстори за манипулација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Свински кременадли во путер со лук

Читај повеќе

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Читај повеќе