Свет

Првпат по 200 години Нотр Дам без божиќна миса

24. декември 2019 - 15:39 | Кајгана/МИА

Париз, 24 декември 2019 (МИА) – Француската катедрала Нотр Дам оваа година нема да одржи божиќна полноќна миса, што е првпат за повеќе од два века.

Во катедралата, која во април годинава беше тешко оштетена во голем пожар, миси за Божик се одржувале и за време на двете светски војни.

– Ова е првпат од Француската револуција да нема полноќна миса, изјави пасторот на катедралата Патрик Шове.

Поради обновувањето кое ќе потрае, мисите се одржуваат во црквата Сен Жермен И’Асероа, каде времено се префрлени некои реликвии од катедралата Нотр Дам.

Нотр Дам, еден од симболите на христијанството, но и културно богатство на целото човештво, секоја година го посетуваат повеќе милиони луѓе. 

Коментирај