Првпат по 42 години, Куба има претседател кој не се презива Кастро

Мигуел Дијаз-Канел е новиот претседател на Куба и наследник на Раул Кастро, братот на долгогодишниот претседател на оваа земја, Фидел Кастро. Неговиот најголем предизвик ќе биде да ја предводи транзицијата на Куба со помош на еднопартискиот систем кој беше создаден од браќата Кастро.

Дијаз-Канел е единствениот кандидат за наследник на Раул Кастро, а него го избра Националниот совет на Куба, управуван од Комунистичката партија на оваа земја.

Сепак, 86-годишниот Раул Кастро ќе остане најмоќниот човек во Куба бидејќи и понатаму останува на чело на Комунистичката партија, која според уставот на оваа земја е „супериорна движечка сила на општеството и државата“. Неговото заминување од претседателската функција е само симболичен момент за Куба, која е навикната член на семејството Кастро да биде најмоќниот државјанин на оваа земја. Скоро 60 години поминаа откако најпрво Фидел Кастро со неговите премиерски и претседателски функции управуваше со Куба, за во последната деценија претседателската фотелја да ја преземе неговиот брат Раул.

Соочувајќи се со староста, Раул Кастро мораше да ја отстапи претседателската функција за да се увери дека и новите, помлади сили можат да ја спроведуваат политиката онака како што тој и неговиот брат ја замислија.

„Сакам да ги почитувам идеите на Фидел Кастро, бидејќи тој направи многу за Куба. Но, ни треба освежување и свежа енергија, пред сѐ во економијата. Дијаз-Канел мора да работи напорно на економијата, бидејќи луѓето заслужуваат да живеат подобро“, рече Мелиса Медерос, учител во едно кубанско училиште.

Мигуел Дијаз-Канел го изгради неговото име на една од највисоките позиции во Комунистичката партија, најблиску споредлива со функцијата на гувернер. Неговите сопартијци го опишаа како вреден, скромен технократ, посветен да го подобри јавниот сервис. Тој стана министер за високо образование во 2009 година, пред да ја преземе потпретседателската функција.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе