Филм & ТВ

Првпат по скоро 30 години Оскарите ќе се одржат без водител

10. јануари 2019 - 14:55 | К.З.

По дебаклот со Кевин Харт, овогодинешната церемонија на доделување на Оскари ќе доживее голема промена и првпат по скоро триесет години ќе се одржи без присуство на водител на гала вечерта.

Според магазинот Variety, продуцентите на манифестацијата ќе одберат холивудски ѕвезди кои ќе ги најавуваат и доделуваат наградите во текот на вечерта. Доделувањето на наградите е закажано за 24 февруари.

Кевин Харт се откажа од водителската улога откако му беше наредено да се извини за „хомофобични“ твитови напишани помеѓу 2009 и 2011 година, кои беа откриени дури откако Академијата реши да го назначи за водител на Оскари 2019. Пред само една недела, во шоуто на Елен Деџенерис, тој рече дека размислувал долго за укажаната шанса, но сепак решил дека нема да биде водител на Оскари ниту сега, ниту пак во иднина.

Претставници на Академијата изјавија дека не се посветени на барање водител, но доколку некој соодветен кандидат се пријави за позицијата, тогаш може да размислат за промена на одлуката.

Номинациите за овогодинешните Оскари ќе бидат објавени на 22 јануари.

Коментирај