Првпат снимени џиновски панди како се парат во дивината

За првпат досега, тим истражувачи успеаја да го забележат процесот на парење на џиновските панди во нивното природно живеалиште - џунглата на гребенот Кинлин во Кина.

Снимките од парењето во дивината конечно даваат објаснување зошто пандите се размножуваат толку тешко и бавно во зоолошките градини.

На ова видео, можете да ги видите сите ритуали од процесот на парење - од борба за женката помеѓу постар и помлад мажјак, каде победува помладиот, до самиот чин на парење.

Кога ќе дојде време за парење, пандите прво ја обележуваат територијата со измет.

Мажјаците се борат за женката, а понекогаш женката може да го одбие мажјакот и да се спротивстави на парењето, па и тука избива борба.

Покрај тоа, пандите имаат „фетиш“ - мажјакот може да ја земе женката како „заложник“, што може да го забрза процесот на овулација, забележаа експертите.

Тешко е да се создадат услови за сите овие ритуали во зоолошките градини, а можно е токму ова да е причината зошто овие ретки животни се размножуваат толку тешко и полека во заробеништво.

Тим истражувачи - научници, шумари и режисери - поминаа три години работејќи со панди околу гребенот Кинлин во Кина.

„Кога ќе дојде сезоната на парење, пандите се мешаат со единки од други колонии на панди, а можат да поминат неколку десетици километри за да најдат партнер“, објаснува коментаторот во видеото.

Remote video URL
реклама

За температура од 37,2°C не земајте „парацетамол“

Read more

Убавица на денот: Хајди Греј

Read more

Елен Пејџ: Јас сум трансродово лице, викајте ме Елиот

Read more

Хороскопски знаци кои важат за најлоши пријатели

Read more

Вести

Автопат на иднината: Асфалтот заштедува гориво, соларни панели за осветлување

Read more

Маск упорен: Првиот човек на Марс ќе слета за шест години

Read more

Pfizer доби зелено светло во Велика Британија, вакцинирањето почнува следната недела

Read more

Chang’e 5 успешно слета на Месечината

Read more

Гик

Уште не излегле 875 и 885, а веќе се подготвува нов Snapdragon

Читај повеќе

Најдобрите видеоигри за декември, прв дел

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сè што треба да знаете за Poco M3: Одлични перформанси и пристапна цена

Читај повеќе

Автопат на иднината: Асфалтот заштедува гориво, соларни панели за осветлување

Читај повеќе

Јупитер и Сатурн во позиција што се нема повторено 800 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск упорен: Првиот човек на Марс ќе слета за шест години

Читај повеќе

Pfizer доби зелено светло во Велика Британија, вакцинирањето почнува следната недела

Читај повеќе
  • play_arrow

Chang’e 5 успешно слета на Месечината

Читај повеќе

Избришавте СМС порака по грешка? Еве како да ја вратите назад

Читај повеќе