ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

ПСЖ, Баерн и Сити убедливи, но Динамо импресионираше

ПСЖ го здроби Реал Мадрид во дербито, но победата на денот ја зграпчи загрепски Динамо кој беше најубедлив против дебитантот Аталанта.

Парискиот тим и без триото Нејмар, Кавани и Мбапе немаше проблеми со неинвентивниот Реал. Двата гола на Анхел Ди Марија и оној на Тома Менје го потопија Кралскиот клуб за одличен старт на сезоната.

Баерн прокнижа планирани 3 бода против Црвена звезда со головите на Кингсли Коман, Роберт Левандовски и Томас Милер.

Со истиот резултат Мначестер Сити славеше на гостувањето во Харкив кај Шахтар. Ријад Махрез, Илкај Ѓундоан и Габриел Жезус беа творци на победата на „граѓаните“.

Но, најубедливата победа синоќа се случи на „Максимир“ во Загреб каде Динамо неочекувано лесно триумфираше над дебитантот Аталанта. Бекот Марин Леовац го отвори резултатот, а потоа следуваше хет-трик на Мислав Оршиќ за права бламажа на дебито на полуларната „Деа“.

Дерби се играше и во Мадрид каде Јувентус испушти водство од 2:0 против Атлетико. Јуан Куадрадо и Блеза Матуиди досеа водство на почетокот од второто полувреме, но прво Стефан Савиќ намали, а во 90-та Ектор Ерера донесе бод за домаќините.

Изненадување во Леверкузен приреди московски Локомотив кој со 2:1 го победи Баер. Гжегож Криховјак го отвори резултатот, домаќинот израмно со несреќен автогол на Бенедикт Хеведес, а Дмитриј Баринов ја донесе големата победа.

Како Јуве, Тотенхем исто така испушти водство од 2:0 на гостувањето кај Олимпијакос. Хари Кејн и Лукас Моура за само четири минути најавија победа, но Даниел Поденсе и Матје Валбуена од пенал донесоа бод за Грците.

Единствениот натпревар кој заврши со најнепопуларниот резултат се одигра во Бриж каде гостуваше Галатасарај. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе