Фудбал
ЛИГ 1 2019/20

ПСЖ без Мбапе и Икарди на гостувањето кај Лион

21. септември 2019 - 17:18 | МИА
Париз, 21 септември 2019 (МИА) – Тренерот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Томас Тухел пред натпреварот од Лиг 1 со Лион се соочува со проблеми.

Германецот на утрешното гостување нема да може да смета на услугите на напаѓачите Килјан Мбапе и Мауро Икарди, објави „АФП“.

Мбапе се опорави од повредата на колкот, но сè уште не е подготвен да игра, а Аргентинецот се повреди на натпреварот во Лигата на шампионите со Реал Мадрид (3:0).

Од поодамна во ростерот на ПСЖ поради повреди ги нема Единсон Кавани, Тило Керер, Колен Дагба, Јулијан Дракслер и Пабло Сарабија.

Натпреварот Лион – ПСЖ е закажан за утревечер во 21 часот. 

Коментирај