УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

ПСЖ ја исфрли Барса, Ливерпул сигурен

Новите два четвртфиналисти се тимовите на ПСЖ и Ливерпул кои синоќа успешно ја одработија предноста од првите натпревари.

ПСЖ имаше високи 4:1 од првиот дуел во каталонската престолнина па синоќа и оние 1:1 му беа доволни за да отпатува во наредната фаза.

Домашните во 31. минута добија удар од белата точка по прегледувањето на снимката со ВАР кога се востанови дека Оскар Мингеса го сопнал Мауро Икарди. Килјан Мбапе беше успешен егзекутор отворајќи го резултатот.

Барселона се врати во игра само шест минути подоцна и тоа со еврогол на Лео Меси откако претходно Усман Дембеле прокоцка колосална шанса.

Во судиското надополнување гостите добија пенал откако Левен Курзава го шутна Антоан Гризман во казнениот простор. Но, Кејлот Навас го одбрани ударот на Меси и Барса прокоцка одлична шанса да замине на полувреме со водство и во вториот дел да брка уште два гола.

Натпреварот заврши со резултатот од првиот дел и ПСЖ со вкупни 5:2 отпатува во четвртфиналето.

Ливерпул и Лајпциг и реваншот го одиграа на „Пушкаш“ стадионот во Будимпешта, а Англичаните победија со истиот резултат како и на првиот дуел, 2:0.

Головите беа постигнати во последните дваесетина минути. Прво Мохамед Салах во 70-тата минута се прошета низ гостинската одбрана и го отвори резултатот, а четири минути подоцна Дивок Ориги одлично му сервираше на Садио Мане кој ги постигна конечните 2:0 или 4:0 вкупен резултат.

Покрај ПСЖ и Ливерпул, неделава пласман во четвртфиналето обезбедија и Порто и Борусија од Дортмунд, а преостанатите четири патника ќе бидат познати наредните вторник и среда.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе