Фудбал

ПСЖ не ги прекршил правилата за финансиски фер-плеј

19. март 2019 - 19:08 | МИА

ПСЖ ја доби судската битка со УЕФА во процесот за непочитување  финансиски ферплеј. Арбитражниот окружен суд пресуди во корист на францускиот клуб во судскиот процес со УЕФА.

ПСЖ беа под истрага за за непочитување на финансискиот фер-плеј, но по денешната одлука процедурата е прекината и одлуката на Спортскиот арбитражен суд е конечна и не подлежи на обжалување.

Во јули лани УЕФА ја запре истрагата, но подоцна по наредба на претседателот на Комисија за финансиска контрола во европската фудбалска централа процесот беше обновен. На крајот тоа заврши во корист на францускиот фудбалски гигант.

ПСЖ се обрати на судот во Лозана, тврдејќи дека УЕФА ги прекршила сопствените правила.

Коментирај