ПСЖ одговори на гласините: Мбапе не оди никаде

Синоќа, по свеченоста на која ја доби наградата за Играч на сезоната во француската Лига 1, младиот напаѓач Килијан Мбапе ги зачуди сите присутни со криптична изјава за неговата иднина. ПСЖ денеска излезе со официјален став и разјаснување за односот помеѓу клубот и Мбапе.

„Ова е многу важен момент за мене, бидејќи се наоѓам на пресвртница во кариерата. Можеби е време да имам повеќе одговорности, што би можело да биде во ПСЖ на големо задоволство, или можеби на друго место со нов проект“, изјави синоќа Мбапе.

Изгледа дека „новиот проект“ кој Мбапе го спомена сепак нема да се случи, бидејќи од денешната изјава на ПСЖ може да се заклучи дека францускиот шампион би сакал да ја продолжи соработката со младиот Французин.

„Во изминатите две години се формираше силна врска помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе, а оваа приказна ќе продолжи и во следната сезона, со заедничка амбиција за креирање на европска иднина во годината кога клубот го слави 50-от роденден“, пишува во соопштението на ПСЖ.

За потписот на Мбапе веќе цела година се борат Барселона и Реал Мадрид – двата гиганти кои се решени да бидат многу зафатени и во овој летен преоден рок кој доаѓа за помалку од еден месец. Барем засега, изгледа дека Мбапе ќе ја продолжи соработката со францускиот шампион ПСЖ, но малку е веројатно дека тој нема да подлегне на искушението да си ги испроба можностите и надвор од неговата родна земја.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more
 

Спорт

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе