ПСЖ постави негативен рекорд во француската лига

Водечкиот тим на францускиот фудбалски шампионат остана без гол на гостувањето во Оксер, па ПСЖ второ коло по ред освои само бод.

И покрај новиот натпревар во кој не славеа, парижаните имаат убаво водство од осум бода пред Марсеј, Лил и Монако.

Главен „виновник“ за уште еден меч во кој избраниците на Луис Енрике не победија беше домашниот голман Донован Леон, кој направи пет одлични одбрани за да ја зачува својата мрежа недопрена. Голманот на Француска Гвајана го заврши натпреварот со вкупно 11 одбрани, а само Мадс Хермансен од Лестер имаше повеќе во натпреварите од Лига пет оваа сезона во поразот од Арсенал. На второто место се израмни со Хрватот Недиљко Лабровиќ од Аугсбург, кој против Баерн имаше 11 одбрани.

ПСЖ синоќа упати 11 удари кон голот на Оксер, но не успеа да постигне гол. Ова е и рекорд по бројот на удари од тим во францускиот шампионат без постигнат гол откако OPTA собира податоци, односно од сезоната 2006/07.

Во првиот натпревар од 14. коло Лил како домаќин го совлада Брест со 3-1. Двоен стрелец за Лил беше Џонатан Дејвид (7-11м, 69), а асистираше и за голот на Хакон Харалдсон (44). Стрелец на единствениот гол за Брест беше Лудовик Ајорке (48).

ПСЖ е на врвот во Лига 1 со 34 бода. Марсеј, Лил и Монако имаат по 26 бода, но Лил има натпревар повеќе. Оксер е на осмата позиција со 20 бодови, додека Брест е на 11. место со само 16 бодови.

Тагови
реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе