ПСЖ сака да го купи Фелаини од Манчестер Јунајтед

Денеска се појави навистина интересна шпекулација од светот на фудбалот. Имено, според пишувањата на француските и англиските медиуми, ПСЖ има намера во своите редови да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

30 – Годишниот Белгиец е на „Олд Трафорд“ од 2013 година, каде пристигна од редовите на Евертон.

Неретко е на мета на бројни критики на навивачите поради лошите настапи посебно бидејќи очекувањата беа високи.

Го донесе Дејвид Мојс, а иако никогаш не беше омилен кај навивачите, сепак Фелаини беше клучна алка во тактиката на Мојс и Ван Гал, но и кај Мурињо.

Во последно време многу се зборуваше околу неговото заминување во текот на летото, а турскиот гигант Галатасарај беше една од возможните опции.

Сепак тренерот на „Црвените Ѓаволи“ Жозе Мурињо го блокираше потенцијалниот трансфер во јули, изјавувајќи тогаш дека Белгиецот му е „премногу важен“ за да му дозволи заминување од клубот.

Фелаини одговори со нешто подобри перформанси во првите неколку месеци од сезоната, односно постигна четири погодоци на 10 настапи во Премиер лигата и Лигата на шампионите, од кои само во четири беше во почетниот состав.

Сега Белгиецот е повторно на излезните врати од клубот, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

Тоа значи дека тој е слободен да потпише пред договор со било кој друг клуб веднаш на почетокот на зимскиот трансфер период во јануари.

ПСЖ наводно сака да ја искористи оваа ситуација и да го доведе Фелаини што побргу во своите редови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе