Џанлуиџи Буфон на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ, јавуваат француските медиуми.
Парижаните не се задоволни од легендарниот голман и сметаат дека тој е главниот виновник за испаѓањето од Лигата на шампиони, па нема да му го продолжат договорот.
Буфон ги разочара сите обожаватели на Јувентус кога одлучи по 17 години поминати во „Старата дама“ да потпише за ПСЖ за една сезона плус.
Тогаш рече дека го привлекол „сериозниот и амбициозен проект на ПСЖ“.
Од тоа не видовме многу, а ПСЖ се кае што воопшто го донесе, пишуваат француските медиуми.
41-годишниот Италијанец сезонава бранеше на само 23 натпревари од кои 15 во првенството, па челниците на ПСЖ одлучија да не му понудат уште една година.
Најверојатно тоа ќе значи крај на кариерата за легендарниот Џиџи, иако има шпекулации дека сака да се врати во Јувентус, но како член на стручниот штаб на италијанскиот првак.