ПСЖ се засили со Рафиња од Барса

Францускиот шампион се засили со бразилскиот фудбалер кого Барса го праќаше по позајмици пред конечно да успее да го продаде.

Трансферот се случи во последните часови од преодниот рок кој заврши синоќа. ПСЖ испрати понуда, а со Барса брзо ги договорија условите. Рафиња потпиша 3-годишен договор со тимот од Париз. Со Барса тој имаше договор до јуни 2021.

Бразилскиот играч од средниот ред беше дел од каталонскиот тим уште од 2006 година кога пристигна на 13-годишна возраст во младинските категории. Иако долги години беше во Барса, не се наигра настапувајќи на само 90 натпревари за 8 сезони во кои постигна и 12 голови. За вториот тим одигра 84 натпревари со 20 голови. Често имаше проблеми со повреди. Беше позајмуван трипати, еднаш во Интер и на два наврата во Селта, од кои последниот во ланската сезона.

Рафиња е четврто засилување за ПСЖ во последните два дена во кои „Светците“ ги донесоа Моис Кин од Евертон, Данилу Перејра од Порто и младиот Секу Јансан од Дижон.

ПСЖ го ќари Рафиња за беспари откако Барса во очај да се ослободи од неговата плата, прифати таква зделка. Моменталната негова вреднст е само 9,5 милиони евра, додека пред две години кога Интер сакаше да го купи му беше речиси 30 милиони.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе