Жуау Невеш (19) наскоро ќе стане нов играч на ПСЖ.
Станува збор за играч од средниот ред на Бенфика и португалски репрезентативец кој настапи и на последното Европско првенство.
Невеш важи за еден од најголемите светски таленти и ПСЖ ќе му плати околу 70 милиони евра.
Францускиот шампион ќе плати 60 милиони евра за трансферот и десет милиони евра преку бонуси.
Невеш е дете на Бенфика и според Transfermarkt вреди 55 милиони евра.
За тој клуб досега има одиграно 75 сениорски натпревари. Постигна четири гола и трипати асистираше.
И Манчестер Јунајтед долго време го посакуваше Невеш, но ПСЖ беше најконкретен и најбрз.
Во ПСЖ треба да формира тандем од средниот ред со сонародникот Витињо.