Фудбал

ПСЖ се збогува со Буфон: Џентлмен на теренот и надвор од него, ти посакуваме сѐ најдобро

5. јуни 2019 - 18:08 | А.С.

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон по само една сезона во Париз го напушта ПСЖ, потврди францускиот клуб на социјалните мрежи.

Буфон (41) стигна во ПСЖ лани откако замина од Јувентус, а прва задача што ја имаше заедно со соиграчите и стручниот штаб беше да ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

Сепак, Буфон и ПСЖ не успеаја во тоа, сосема неочекувано испаднаа во осминафиналето од Манчестер Јунајтед. На крајот на првата сезона, ПСЖ одлучи да не ја продолжува соработката со славниот Џиџи.

„Џентлмен на теренот и надвор од него, а пред сѐ одличен соиграч. Ти посакуваме сѐ најдобро во иднина. Поздрав и фала ти за сѐ“, му порачаа од ПСЖ.

Буфон пред ПСЖ и Јувентус бранеше за Парма, па многу италијански медиуми пишуваа дека е можно да се врати во овој клуб.

Коментирај