ПСЖ го поддржа својот играч Нејмар во врска со скандалите на крајот на дербито со Марсеј во неделата вечерта.
Тогаш напаѓачот учествуваше во голем инцидент меѓу играчите и доби црвен картон. Според него, тој бил испровоциран од противничкиот играч Алваро Гонсалес, кој го навредувал со зборовите „валкан мајмун“.
По натпреварот, поранешниот играч на Барселона не се извини, но на Twitter го напиша следново: „Единственото нешто за кое жалам е тоа што не му ја бапнав една по глава на тој кретен“. Сега на Нејмар му се заканува казна до 7 натпревари.
„ВАР го регистрираше моето 'агресивно' однесување... а што е со расистичките навреди и тоа ме нарекоа 'КУ*ВИН МАЈМУНСКИ СИН'... каде е тоа! И? Лесно е да ме казните мене, а што е со другите?“, праша јавно Бразилецот.
– ПСЖ силно го поддржува Нејмар, кој објави дека е предмет на расистичко однесување на противникот. Клубот ја задржува својата позиција дека расизмот нема место во општеството, фудбалот и животот на луѓето. ПСЖ очекува Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига да ги испита и утврди фактите, се вели, меѓу другото, во декларацијата на францускиот шампион.