ПСЖ со петарда среде Лион избори куп финале
Тимот на Пари Сен-Жермен е првиот финалист во Купот на Франција откако синоќа со 1:5 триумфираше на гости кај Лион.
Домаќините поведоа уште во 11. минута преку Мартен Терје за момент најавувајќи сензација, но само три минути подоцна гостите израмнија преку Килјан Мбапе. Во 61. минута Фернанду Марсал играше со рака, доби втор жолт и му подари пенал на ПСЖ кој го реализираше Нејмар за 1:2, а потоа двапати Мбапе и еднаш Пабло Сарабија погодија за 1:5.
ПСЖ во финалето ќе се сретне со подобриот од Сент Етјен - Рен, дуел кој се игра вечерва од 20.55 часот.