ЛИГ 1 2019/20

ПСЖ во голеада славеше над Бордо, Кавани прослави 200 голови

Парижаните имаа многу проблеми со гостите од Бордо и во неизвесен натпревар сепак победија со 4:3.

Први го отворија резултатот „Жирондинците“ и тоа преку јужнокорејскиот репрезентативен Хуан Уи-џо во 18. минута.

Седум минути подоцна Единсон Кавани израмни на 1:1 постигнувајќи го својот гол број 200 во дресот на „Светците“. Со овој гол Уругваецот стана единствен во историјата на клубот кој стигнал до бројката од 200 голови и воедно е најдобар стрелец пред Златан Ибрахимовиќ со 156, Паулета со 109 и Доминик Рошето со точно 100.

Во првата минута од судиското надополнување Маркињус погоди за пресврт, но длабоко во истото Паблу се погрижи ПСЖ да не замине на пауза со водство.

Во второто полувреме во 63. минута Маркињус со својот втор гол донесе ново водство од 3:2 кое само шест минути подоцна го дуплираше Килјан Мбапе. за неизвесна завршница се погрижи Рубен Пардо во 83. минута, но сепак Бордо не успеа да погоди и по четврти пат и мораше да си замине дома без ниту еден бод.

Во судиското надополнување Нејмар направи одмазднички фаул и потоа се пресметуваше со противничкиот фудбалер по што доби втор жолт и црвен картон.

По 26 кола ПСЖ води со 65 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Марсеј. Бордо е 12-ти со 35 бодови.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе